Триковите кои прават вашата шминка да изгледа професионално ги собравме на едно место! Претворете ја вашата дневна шминка во ремек-дело!
Денес, нашиот изглед е поважен од било кога. Но исто така факт е дека во денешниот брз свет е сè потешко да најдете време за себе, вклучително и шминка, но со малку труд и вежбање, можете да се шминкате секој ден вешто како и секој професионалец. Важно е само да ги знаете вистинските техники и да ги практикувате. Времето кое ќе го вложите во пракса ќе ви се врати многукратно. Не само што ќе изгледате одлично, туку и вашата самодоверба ќе се зголеми.
Очи
По нанесувањето на шминка за очи, задолжително вратете се во пределот околу надворешниот канал за солза. Оваа област обично има различен тон на кожата од останатите делови на очите и важно е да се изедначи и „затегне“ шминката во оваа област. Изгледот веднаш ќе биде поуреден, а лицето посвежо.
Поврзани објави
Лице
Не заборавајте да користите руменило! Руменилото нанесете го на линијата помеѓу аголот на усните и надворешниот агол на окото, секако со помош на четка за руменило. Изберете класична нијанса на роза, оваа боја ќе изгледа добро на секоја жена. Секако – не претерувајте.
Уста
Пред да го користите карминот, не заборавајте да го нацртате обликот на усните со молив. Следете ја формата на усните веднаш над видливиот природен раб, така што усните изгледаат пополни. По цртањето со моливот, употребете го коректорот повторно како контура за да ги направите вашите линии уште подефинирани! Најпрецизниот начин на работа вклучува користење на мала и рамна четка за коректор.