Почетна Убавина и здравје26 години посветени на извонредноста – Убавина и здравје

26 години посветени на извонредноста – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Повеќе од две децении, учениците на музичкото училиште „Пијанофорте“ се враќаат од домашни и меѓународни натпревари со први награди, лауреати и високи признанија. Но зад секој медал, секој успешен концерт и секој сигурен настап постои нешто што публиката ретко го гледа – долг процес на работа, посветеност и луѓе кои со години ги поставуваат темелите на тие успеси.

Така повеќе од 26 години се гради приказната на пијанистичкиот оддел на музичкото училиште „Пијанофорте“ – приказна за посветеност, знаење и континуирано создавање нови генерации успешни млади пијанисти.

Основано во 2000 година од м-р Виолета Стефановска-Шуковиќ како школа за пијано, „Пијанофорте“ денес е препознатливо по високите професионални стандарди, квалитетниот наставен кадар и генерациите млади музичари кои успешно настапуваат на домашната и меѓународната сцена.

Во центарот на развојот на пијанистичкиот оддел со години е м-р Виолета Стефановска-Шуковиќ – основач, професор по пијано, концертен пијанист, раководител на одделот и академски директор.

Но, нејзината работа одамна ги надминала рамките на една професорска позиција.

Покрај педагошката работа, м-р Виолета Стефановска-Шуковиќ е активен концертен пијанист со долгогодишна и богата изведувачка кариера. Таа редовно настапува како солист и камерен музичар, а е и учесник во бројни концертни и културни проекти поддржани од Министерството за култура. Нејзината континуирана концертна активност претставува значаен дел од нејзината уметничка работа и инспирација за генерациите млади музичари со кои работи.

Покрај работата со својата класа, таа активно учествува и во подготовките на голем дел од учениците од пијанистичкиот оддел пред концерти и натпревари. Со особено внимание ги следи нивните интерпретации, соработува со професорите и придонесува секој ученик да го достигне својот максимален уметнички потенцијал.

Истовремено, таа е ментор на наставниот кадар по пијано, координира дел од наставните процеси и придонесува квалитетот и методологијата на работа да останат препознатлив белег на одделот. Благодарение на ваквиот пристап, учениците добиваат континуирано и усогласено музичко образование, без разлика кај кој професор посетуваат настава.

Резултатите од ваквиот пристап се препознатливи и дома и во странство.

Само во последните месеци учениците на пијанистичкиот оддел освоија бројни први награди на International Piano Competition for Youth – Gevgelija, Piano Fest Vienna, „Полихимнија“ и „Охридски бисери“, а низ годините освоиле стотици признанија на натпревари во Македонија и низ Европа.

Во текот на своето повеќедецениско постоење, пијанистичкиот оддел на „Пијанофорте“ е место каде своето музичко образование го започнале и развиле стотици млади пијанисти. Денес, многумина од нив успешно настапуваат на концертните сцени, го продолжуваат своето образование на престижни музички институции и со гордост ги претставуваат своите знаења и љубовта кон музиката.

Но, можеби најголемото признание не се наградите.

Туку фактот што сè повеќе семејства го избираат токму пијанистичкиот оддел на „Пијанофорте“, препознавајќи ја неговата посветеност, квалитет и континуитет, а многу поранешни ученици успешно го продолжуваат своето музичко образование и денес настапуваат на домашната и меѓународната музичка сцена.

Покрај работата со учениците по пијано, м-р Виолета Стефановска-Шуковиќ со години е пијано-придружник на учениците од одделот по виолина. Како концертен пијанист, таа учествува во нивните подготовки, концерти и натпревари во земјата и странство, придонесувајќи кон бројните награди и успешни настапи што ги остваруваат.


Поврзани објави

Приказната за пијанистичкиот оддел на „Пијанофорте“ не е само приказна за освоени награди.

Тоа е приказна за знаење што се пренесува од генерација на генерација.

За професори кои работат како тим.

За ученици кои растат во сигурна, инспиративна и професионална средина.

За љубов кон музиката што се негува секојдневно.

И за визија која повеќе од 26 години покажува дека вистинските успеси не се случајност, туку резултат на посветена работа, високи стандарди и искрена љубов кон музиката.

Контакт телефон: 070 247 442

Адреси

Тафталиџе
Виенска бр. 1
1000 Скопје, Северна Македонија

Аеродром
Булевар Јане Сандански бр. 79А
1000 Скопје, Северна Македонија

Текст и фото: ПР