Почетна Убавина и здравјеСтилистите љубоморно ги кријат овие трикови! – Убавина и здравје

Стилистите љубоморно ги кријат овие трикови! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Ви откриваме трикови на стилисти за подмладување на изгледот

Имате повеќе од 40 години и сакате да изгледате свежо, младолико и дотерано без претерување? Вистинските модни парчиња можат визуелно да избришат и до десет години, велат професионалните стилисти.

Тајната не е во скапата облека, туку во вистинските кроеви, текстури и паметните комбинации. Ви откриваме проверени модни трикови што ги бришат годините, а го подигнуваат стилот на повисоко ниво.

1. Сако што ја затегнува силуетата

Добро скроеното сако е вистински моден ботокс – особено она што го следи струкот и не додава волумен. Одбирајте модели без нагласени раменици, од поцврсти материјали, во беж, маслинеста, темносина или пудресто розова боја. Одбегнувајте: прешироки блејзери, крути ткаенини и темносиви тонови што даваат строгост.

2. Фустани што ја издолжуваат фигурата

Фустаните со V-изрез, лесни набори и внимателно распореден дезен, визуелно ја издолжуваат фигурата и го насочуваат погледот кон лицето, што подмладува. Совет од стилистите: Одбирајте фустани со А-крој кои малку се шират од струкот. Дезенот нека биде ситен и во посветли тонови – големите цветови можат да додадат години.

3. Фармерки што го подигнуваат задникот


Поврзани објави

Моделот со средно висок струк и малку стеснети ногавици е вашиот најдобар сојузник по 40-тата година. Одбегнувајте: Ултратесни кроеви и низок струк. Наместо тоа, одбирајте стрејт или слим-фит крој во темносина боја, без претерани детали. Трик: фармерките со малку еластин го затегнуваат стомакот и ја обликуваат фигурата, без да ве престегнат.

4. Посветлата облека подмладува

Со текот на годините, црната боја станува „тешка“, особено во пределот на лицето. Затоа, стилистите препорачуваат светли неутрални тонови: беж, бисерно бела, нежно сива, пудресто розова, златна-беж. Овие нијанси го осветлуваат тенот и ги ублажуваат цртите на лицето. Златно правило: црната оставете ја за долниот дел, а нагоре одбирајте посветли тонови.

5. Материјали што не се лепат и не стегаат

Стилистите препорачуваат еластични, квалитетни материјали, како вискоза, памучен сатен, ленени мешавини. Овие материјали убаво се движат со телото, не ги нагласуваат брчките и не се лепат за стомакот и грбот. Одбегнувајте: евтина синтетика и премногу растегливи парчиња што можат да ги истакнат несовршеностите.

6. Детали за визуелен лифтинг

Ѓердани припиени за вратот? Подобро не. Стилистите препорачуваат подолги синџирчиња, обетки со дискретен сјај и марами што го одвлекуваат вниманието од вратот и вилицата. Очилата со суптилна мачкеста форма, без тешки рамки, можат инстантно да го освежат лицето.

Стилот во 40-тите години не значи дека не треба да биде впечатлив – туку промислено и паметно изграден. Со вистинските кроеви, бои и детали, вашата гардероба може да ги истакне вашите адути – а вие ќе изгледате и ќе се чувствувате фантастично.