Старлетата сведочеше во Специјалниот суд и истакна дека сè уште го смета Никола Качаревиќ за свој сопруг.
Старлетата Тамара Ѓуриќ се појави во Специјалниот суд каде што даде сведочење поврзано со случајот во кој е инволвирано нејзиното семејство. Таа изјави дека, и покрај црковниот развод, Никола Качаревиќ и понатаму за неа е сопруг и татко на нивното дете.
Овде сум поради вистината и поради мојот сопруг. Не сакам да се откажам од него, иако сме се развеле црковно. Тој, моето дете и јас сме сатанизирани од страна на медиумите и судот“, изјави Ѓуриќ по сведочењето.
Тамара нагласи дека со своето сведочење сакала да стави точка на случајот и да ја каже вистината.
Стојам зад секој збор што го кажав“, додаде таа, истакнувајќи дека конечната одлука останува на судот.
Појавувањето на Ѓуриќ во судницата привлече големо внимание и поради нејзиниот стил. Таа се појави во бела ролка и долга елегантна сукња, надополнети со Hermes ремен, луксузна чанта од Louis Vuitton и високи потпетици на Valentino.
printskrin youtube – pink 1