Почетна ТехнологијаЏафери пречекан со Илирида и Чемерија – монтажа на која наседнаа речиси сите портали вчера, денеска сите ја избришаа веста

Џафери пречекан со Илирида и Чемерија – монтажа на која наседнаа речиси сите портали вчера, денеска сите ја избришаа веста

од nenad
1 минути читај за

На официјалниот сајт на Џафери и на ДУИ, каде што беше објавено видеото одеше музика, но затоа  видеото што се шири на социјалните мрежи повеќе наликува на атмосфера од некој фудбалски натпревар бидејќи такво ехо не може да предизвикаат малата толпа граѓани од Форино. Така што, голема е веројатноста скандирањата да се налепени, а веста фабрикувања.

Веста, а особено видеото, почнаа потоа да исчезнуваат од порталите. Дека изборите се шанса за внатрешни и надворешни пропаганди и мрачни сценарија се виде и од постот на првиот човек на бугарската „Фондација Македонија“, Виктор Стојанов, кој  објави наводна изјава на Али Ахмети за косовските медиуми во која рекол дека тој „ќе биде претседател на Македонија во иднина“ и дека „Талат Џафери нема да биде премиер само 100 дена“, со забелешка дека се што рекол досега Ахмети, исполнувал. Тој дел од интервјуата на Ахмети не може да се најде во косовските медиуми, ниту пак го пренесе некој во Македонија.