По коментарите во јавноста, пејачот застана во заштита на новопечената мајка и порача дека нејзината среќа не треба да се засенува
Откако се оствари во улогата на мајка и го роди малиот Богдан, Милица Тодоровиќ се најде во центарот на различни коментари и шпекулации. Дел од јавноста пласираше тврдења дека пејачката родила син на оженет маж, што предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
Во нејзина одбрана застанаа бројни колеги, а меѓу нив и Дејан Матиќ, кој јавно ѝ даде поддршка.
Милица ми е како брат и сестра, сè на светот. Ја поддржувам во секоја смисла. Ѝ се случи тоа што најмногу го посакуваше – се оствари како мајка, се роди момче и навистина не би сакал никој да ѝ ја нарушува таа среќа“ – изјави пејачот.
Поврзани објави
И самата Милица се огласи во екот на скандалот, непосредно пред да излезе од породилиштето. Таа истакна дека ѝ се исполнила најголемата животна желба и замоли за почитување на приватноста, додавајќи дека кога ќе дојде време ќе зборува за сè.
Пејачката откри и дека поради стресот што следувал по породувањето, изгубила млеко, нагласувајќи дека во моментов најважно ѝ е здравјето на детето и мирот во семејството. Поддршката од колегите, како што велат блиски извори, ѝ значи многу во овие чувствителни денови.
printskrin youtube – blic milica todorovic