Почетна Убавина и здравјеТоп 3 хотели во Сиде, Анталија што нудат сè! – Убавина и здравје

Топ 3 хотели во Сиде, Анталија што нудат сè! – Убавина и здравје

од nenad
5 минути читај за

Дали веќе го испланиравте летниот одмор? Не паничете ако одговорот е „не“ – сè уште имате време да го организирате одморот од соништата во кој ќе уживаат сите членови на вашето семејство. Првото прашање што сигурно ви се мота во главата е: каде?

Анталија секое лето важи за една од најпосакуваните летни дестинации, а сега и екипата на „Убавина и здравје“ се увери зошто е тоа така, благодарение на Fibula Travel. Никогаш претходно не сум имала можност да летувам во Анталија, па некако ја замислував како совршена дестинација за вљубени двојки кои не сакаат да имаат ниту една грижа на светот додека се на одмор и единствената обврска ќе им биде да шетаат на плажа на зајдисонце. И во право бев, но Анталија нуди повеќе од тоа – ова лето таа е идеалниот избор за семејствата што сонуваат за одмор без посебни организации, расправии и драматични изјави од најмладите членови („овде нема Wi-Fi?!“).

Издвоивме три фамилијарни хотели во Анталија, Сиде кои нудат буквално сè – и за мајките што сонуваат за волшебни спа-третмани, и за татковците кои се преправаат дека не сакаат „а ла карте“ и за децата со агенда „лизгалка –сладолед – пак лизгалка“.

Selectum Family Resort Side – каде што собата покрај базен не е само метафора

Имав можност три дена да бидам сместена во овој хотел и првата реакција кога пристигнав ми беше: „уау, ова е вистински мини-град!“. Со 1030 соби, 8 базени и посебни „езерски“ вили среде водена оаза, воопшто нема да имате потреба да излегувате од резортот (освен ако не ве интересира градот Манавгат, кој е на 13 километри).

Хотелот располага со стандардни, фамилијарни соби и апартмани во главната зграда кои се чисти, комфорни и модерно уредени. Посебно уникатен е делот Lake Houses, кој е сочинет од вили на 3 ката, лоцирани во средината на комплексот и опкружени со прекрасни базени.

Доколку имате деца, одличен избор се аква-собите лоцирани близу аквапаркот (односно таму каде што ќе ги најдете децата и таткото што сакаше „само“ да разгледа што се случува).

Дефинитивно вреди да се спомене и долгата песочна плажа која се наоѓа буквално на неколку чекори од комплексот, а таму ќе ве пречекаат удобни лежалки, чадори и прекрасното Средоземно Море.

Храната? Терминот Ultra All Inclusive мислам дека кажува сè. Изборот е толку голем што и најголемиот гурман ќе биде задоволен, но и децата кои јадат само „чикен нагетс“. Освен тоа, достапни се неколку „а ла карте“ ресторани: италијански, рибен (топло го препорачувам – задолжително пробајте лосос или лаврак), мексикански и турски. И, да, дури и да огладнете во 2 часот наутро, има опција каде да се најадете.

Целата понуда погледнете ја ТУКА.

Asteria Bloom Side – стилски комфор за максимално уживање

Ако претпочитате помал хотел со стил, Asteria Bloom е добар избор, реновиран во 2023 година, со 265 соби и пријатна атмосфера.

Веројатно најголемиот адут на овој хотел е плажата, која се наоѓа на 100 метри од хотелот и располага со приватни павилјони со услуга доколку сакате да се почестите со полуксузен третман за прифатлива цена (50 евра за 2 лица).

 

 


Поврзани објави

Покрај тоа, хотелот располага со отворени и затворени базени за возрасни, фитнес-центар, турска бања, сауна и нуди голем број активности, како одбојка на плажа и пинг-понг.

Совршено бегство од реалноста за двојки и семејства што сакаат мирно утро, попладневен базен и вечерна прошетка, без многу метеж.

Целата понуда погледнете ја ТУКА. 

Well Palace – луксуз во којшто ќе се чувствувате како дома

Сместен во областа Евренсеки, на 6 км од Сиде и на 50 км од аеродромот во Анталија, со 315 соби распоредени во 5 блока и интересна архитектура, тука ве очекува вистинска семејна авантура.

Swim-up собите со директен пристап до базенот се вистински хит – се будиш, излегуваш од соба и влегуваш во базен. Децата уживаат, а ти се чувствуваш како да си во реклама.

Приватната песочна плажа е на 400 метри, но има бесплатен шатл-превоз, па нема да мора да му објаснувате на петгодишно дете зошто пешачењето на 35 степени е добро за здравјето. Лежалките, чадорите за сонце и крпите за плажа се бесплатни, а во близина има и „снек“ бар, па нема да мора да трчате назад во хотелот доколку огладнете.

Доколку сте расположени за незаборавно спа-искуство, хотелот располага со турска бања со уникатен дизајн, а ако сакате малку забава, диско-клубот, баровите и коктелите се веќе вклучени во цената.

Главниот ресторан функционира на принцип на „шведска маса“ и нуди огромен избор на храна за сечиј вкус, а за поинтимна вечера, нема да погрешите ако одберете некој од рестораните „а ла карте“ – единствената грижа ќе ви биде да одлучите дали ви се јаде италијанска, турска или мексиканска кујна.

И покрај сите овие погодности, сепак, би рекла дека најголемиот адут на Well Palace е извонредната услуга. Пристапот на вработените е гостопримлив, домаќински и толку пријателски што ќе се чувствувате како дома. Секој гостин добива посебен третман и максимално внимание, а имав можност и самата да се уверам во тоа по разговорот со Берк, кој беше задолжен за потребите на гостите. Секаде каде што ќе се појавеше, гостите сами го поздравуваа и му приоѓаа, па јасно беше дека им е драго што го гледаат и дека се целосно задоволни од услугата.

Целата понуда погледнете ја ТУКА.

Овие хотели во Сиде, Анталија ќе ви покажат дека семејниот одмор не мора да биде компромис. Само треба да го одберете вистинскиот резорт од понудата на Fibula Travel и да уживате. Совршено, нели?

Пишува: Марија Лукаревска

ФОТО: FIBULA TRAVEL, ПРИВАТНА АРХИВА