Почетна Убавина и здравјеЌе покажат сè што криете! – Убавина и здравје

Ќе покажат сè што криете! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Лорен Санчез деновиве ужива во Париз, каде што ги посетува најдобрите ресторани и ужива во дружењето со пријателите кои не стигнале на нејзината венчавка со Џеф Безос

Лорен Санчез периодов привлекува големо внимание во Париз, каде што заедно со другарките посетува скапи ресторани. За таа пригода облекла 2 фустана што жена над 50 години не смее да ги облече: ем ги покажуваат сите несовршености на телото ем се прескапи.

Црвен, тесен фустан „Версаче“

Огнениот, кожен фустан „Версаче“ до колена се припивал до нереално тесниот струк на Лорен Санчез, додека корсетот ги придржувал бујните гради формирајќи неверојатно деколте. Ваков фустан не им стои на жени над 50 години, освен ако таа жена не е Лорен Санчез, на која ѝ се достапни сите најдобри естетски хирурзи, нутриционисти и тренери.

Ако 50-годишна жена го облече овој фустан, секој грам ќе биде видлив, како и опуштените гради, кожата со старечки пеги, набраните колена… Но кога овој фустан ќе го облече Лорен Санчез, која веројатно имала операција на градите и затегнување на кожата на телото, тогаш тоа е полн погодок.


Поврзани објави

Цената на овој фустан достигнува до 3.000 евра.

Црн, тесен, макси-капут фустан

На прв поглед овој фустан изгледа како да може да ги сокрие сите недостатоци на женското тело. Но тоа е заблуда. Лорен го носи припиен за струкот, така што ја истакнува секоја нејзина облина, додека изрезот над колената покажува и повеќе одошто би сакале да покажете ако немате совршено тело.

ФОТО: Принтскрин

Се верува дека овој фустан го носи потписот на Александар Ванг и дека чини до 300 евра.

За да биде комбинацијата уште поскапоцена, Лорен го носела овој фустан со чантичка во форма на шолја за кафе, вредна 5.750 денари. Оваа необична чантичка е украсена со натписот Balenciaga Paris и дизајнирана е за да изгледа како шолја за кафе за носење, со капак што се отвора одозгора. Станува збор за еден од најскапите и најексцентричните модни додатоци оваа сезона.