Пејачот со емотивна објава го одбележа роденденот на својата мајка која почина пред две години
Пејачот Мирза Селимовиќ ја разнежни јавноста со емотивна објава посветена на својата почината мајка, по повод денот кога таа би го славела својот роденден. Тој сподели фотографија и зборови исполнети со тага и љубов.
Таму каде што се ангелите, таму е и твојата благородна душа. Денес би го славеле твојот 59. роденден, а ние те чуваме во секое отчукување на срцето. Драга мама, ни недостигаш, твој Мирза“, напиша пејачот.
Селимовиќ претходно во емисија отворено зборуваше за најтешкиот период во својот живот – загубата на мајка му, нагласувајќи дека тоа е болка од која човек никогаш целосно не се опоравува.
Поврзани објави
Тој објасни дека болеста била неизлечива и дека се трудел максимално да ѝ помогне и да биде покрај неа во последните денови.
Тоа е најголемиот шок што човек може да го доживее. Мајка не се губи лесно…“, изјави Мирза, додавајќи дека тој и мајка му биле исклучително поврзани.
printskrin youtube -mirza selimovic – hype tv