Почетна Убавина и здравјеНема да можете да престанете да ги јадете! – Убавина и здравје

Нема да можете да престанете да ги јадете! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Овој рецепт за стапчиња од компири со лук и пармезан е вистински хит на Инстаграм!

Крцкавите стапчиња од компири со лук и пармезан совршено одат со разни јадења, а и самите по себе се специјалитет. Сите љубители на компир ќе се воодушеват од овој рецепт.

Состојки:
  • 4-5 големи бели компири
  • 1/3 шолја маст (по избор)
  • 750 мл масло за пржење
  • пармезан
  • лук во гранули
Приготвување:

Загрејте ја рерната на 130 степени Целзиусови. Излупете го компирот и исечкајте го на што е можно потенки крукчиња. Потоа, додајте маст или масло и сол и добро промешајте.

Обложете калап за леб со хартија за печење и рамномерно распоредете го компирот во калапот. Покријте го со уште еден лист хартија за печење и притиснете го така што хартијата ќе се припие за компирот, па печете го во рерна 2 часа и 30 минути.

Оставете го компирот да се олади 20 минути. Потребно е да го притиснете со нешто тешко додека се лади и стегнува во фрижидер. На пример, можете да користите правоаголна чинија наполнета со вода. Оставете го компирот во фрижидер најмалку 6-8 часа или преку ноќ.


Поврзани објави

Исечкајте ја добиената „цврста плоча“ од компири на стапчиња со ширина од 2-3 сантиметри.

Во тенџере загрејте масло на висока температура, околу 180 степени. Компирчињата треба да ги пржите брзо, бидејќи колку подолго стојат во маслото толку поголеми се шансите дека ќе се распаднат. Внимателно ставајте ги компирчињата во врелото масло и пржете ги 3-5 минути, додека станат златно-кафени и крцкави.

Извадете ги компирчињата од маслото, добро процедете ги и внимателно посипете ги со мешавина од сол и лук. Префрлете ги на чинија, изрендајте свеж пармезан одозгора и уживајте!

Погледнете го видеото во продолжение за подетални упатства…

ФОТО: Инстаграм @sezzy.brown