Ѕвездата од филмови за возрасни Рајли Рид раскажала како изгледало нејзиното најбизарно искуство од снимањата
Порнографската индустрија честопати важи за лесен начин на брза заработка, но реалноста е далеку покомплицирана. Многу актерки имаат поминато низ низа непријатноста, непрофесионални ситуации и психички предизвици за да опстанат во оваа работа. Притисоците, непредвидливите ситуации на снимањата и разните барања од продуцентите се само дел од она со коешто тие се соочуваат.
Ѕвездата од филмови за возрасни Рајли Рид, споделила едно од најбизарните искуства што ги доживеала за време на својата долгогодишна кариера. Во неодамнешното гостување на подкастот Tiger Belly, што го водат комичарот Боби Ли и неговата пријателка Калајла, Рајли раскажала ситуација од едно снимање која засекогаш ѝ останала врежана во сеќавањето.
Како што открила, еден од нејзините колеги имал тешкотии со постигнувањето ерекција, што не е невообичаено во стресните услови на снимањата. Но она што се случило потоа ја шокирало.
Поврзани објави
„Типот имаше проблеми, поради што одлучи да побара помош од друга девојка на сетот. Тој пред мои очи замоли друга девојка да застане во аголот на просторијата, за да може да ја гледа додека има интимни односи со мене! Јас не можев да го возбудам онака како што сакаше. Беше бизарно, ми беше срам!“, признала Рајли.
Овој инцидент бил една од причините поради кои одлучила да престане да снима сцени со мажи и се префрлила исклучиво на женски партнери.
По многуте години поминати во индустријата за возрасни, таа се повлекла од порнографијата и сега се фокусира на креирање содржини за својот веб-сајт и за Onlyfans. Освен тоа, открила дека планира да го истражи и светот на комедијата, телевизиската анимација и глумата. Тврди дека е среќно мажена и дека има дете.
ФОТО: Инстаграм