109
Вкусна салата по рецепт на Викторија Спенџарска
Ако сте љубители на интензивни вкусови, оваа салата е за вас! Викторија Спенџарска (@vegan_viki_) ни го сподели рецептот за нејзината омилена салата, која ќе ве освои на прво залаче.
Состојки:
- 1/2 чаша булгур
- 1 конзерва наут
- 1 лажица бујон во прав или коцка за супа
- 1 лажица песто (по можност домашно)
- 4 стебленца нане (само ливчињата)
- 5-6 стебленца копар
- 3 лажици маслиново масло
- 1/4 чаша потпечени ореви
- грст млад спанаќ
- сок од 1/2 лимон
- сол и бибер
Поврзани објави
Приготвување:
1. Булгурот се вари во вода со лажица бујон во прав или коцка за супа. Се остава добро да се олади, па се меша со виљушка за да се раздвојат зрнцата.
2. Билките ситно се сечкаат и се мешаат сите состојки во длабок сад.
3. Послужете со сок од лимон и уживајте во вкусовите!