Почетна МакедонијаЌЕ БИДЕ СУСПЕНДИРАН 12 НАТПРЕВАРИ? Агресивниот Винисиус се извини за инцидентот со Димитриевски

ЌЕ БИДЕ СУСПЕНДИРАН 12 НАТПРЕВАРИ? Агресивниот Винисиус се извини за инцидентот со Димитриевски

од nenad
1 минути читај за




Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор се соочува со долга дисквалификација поради исклучувањето на синоќешниот натпревар од 12. коло на шпанското првенство против Валенсија (2:1).

Во 79. минута Бразилецот го турна македонскиот голман Столе Димитриевски и доби црвен картон, а по исклучувањето вербално ги нападна судиите. Според „Мундо Депортиво“, судијата ги запишал постапките на Винисиус во протоколот како агресивни. Според прописите на Ла Лига, за ваква максимална казна е 12 натпревари, а минималната 4. По натпреварот, Винисиус на социјалните мрежи напиша „Извинете и благодарам на мојот тим“. Реал Мадрид освои 43 бода и се искачи на првото место во поредокот во Ла Лига. Валенсија остана на 19. место со 12 бодови.