Кратко и јасно
Како и нејзината славна мајка Јелена Карлеуша, Ника Тошиќ ги обожава социјалните мрежи. Таа често се снима себеси како пее или игра на популарни песни и секогаш се претставува со нова фризура или модна комбинација.
Речиси секој пост на младата Ника Тошиќ предизвикува големи реакции во јавноста, претежно позитивни.
Често се случува на социјалните мрежи некој да ја „пецне“, односно да ѝ остави злобен коментар, но дека Ника Тошиќ ѝ е ќерка на Јелена Карлеуша може да се види од одговорите и начинот на кој реагира на хејтерите.
Во морето на разни коментари, еден корисник се пожали дека мајка ѝ Јелена го блокирала, на што таа одговори дека за се’ постои причина предизвикувајќи смеа кај корисниците.
Покрај пофалбите и критиките на сметката на нејзината мајка, Ника Тошиќ се справува и со оние кои имаат врска со долгорочната ривалка на Јелена, Цеца Ражнатовиќ.
Поврзани објави
Имено, еден корисник ѝ остави коментар дека изгледа како Цеца, на што следеше фантастичен одговор кој, верувавме, би ја воодушевил и Цеца:
„Благодарам!“
Фото: Инстаграм