Регионалната музичка ѕвезда Лепа Брена се одмара со семејството и пријателите на егзотична дестинација.
Семејството Живојиновиќ отпатува на Тајланд, каде пејачката сè уште се опоравува од скршеницата на ногата со која неодамна се здоби на концерт во Арена Загреб.
Брена е во друштво на својот сопруг Боба Живојиновиќ, пријателката Кејт, синот Виктор и неговата девојка, можеби идна снаа, Софија Спасојевиќ.
Убавата Софија, која освен водителка, е и инфлуенсерка, на Инстаграм сподели жешки фотографии од Тајланд и покажа како се релаксира.
Софија уживала на плажа, а додека се сончала на лежалка, читала книга. Меѓутоа, лицето го сокрила под капа и очила за сонце за да го заштити од силните зраци на сонцето, но згодното тело го истакнала во минијатурно, црно бикини.
Многумина коментираат дека Софија изгледа многу атрактивно, а покрај убавината и згодното тело ја поседува и харизмата со која го освои синот на Брена, Виктор Живојиновиќ.
Да потсетиме, убавата Софија еднаш откри дека е повеќекратна национална шампионка во пливање. Таа мораше да се откаже од спортот поради тешка повреда.
Подоцна се сврте кон манекенството, социјалните мрежи, фотографијата и новинарската работа.
Софија исто така глумела и во спотови на српски изведувачи, а во една прилика открила дека е дете на разведени родители, дека ја почитува традицијата и дека е приврзана за својата баба која живее на село.
Фото: Инстаграм Принтскрин @spasojevicsofija