Почетна МакедонијаЈПКХС: ВО ТЕКОТ НА ВИКЕНДОТ СЕ ОТСТРАНЕТИ 70 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ

ЈПКХС: ВО ТЕКОТ НА ВИКЕНДОТ СЕ ОТСТРАНЕТИ 70 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ

од nenad
1 минути читај за

Во текот на изминатиов викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје

подигнаа и транспортираа приближно 70 кубни метри отпад од диви депонии

лоцирани во скопските општини Чаир и Центар.

Во општината Чаир повторно се реализирани активности на булеварот Никола

Карев (Пластичарска улица) каде што на аголот со улицата Максут Садик се

подигнати 25 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад одложени на

јавна површина, во непосредна близина на детското игралиште. Во оваа

скопска општина е интервенирано и на две локации на улицата Џон Кенеди,

каде што се расчистени 20 кубни метри непрописно одложен мешан комунален

и градежен отпад. Во текот на викендот, ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и приближно 25

кубни метри мешан комунален и отпад од картонски пакувања одложени на

тревна површина долж улицата Тодор Александров, на потегот што води кон

Средно Водно.