Пејачката и поранешниот ријалити учесник танцуваа провокативно на хитот „Секси ритам“ – снимката стана вирална
Дара Бубамара приреди вистински спектакл во Будва, а вниманието го украде вжештениот танц со поранешниот ријалити учесник Лука Радивојевиќ, познат како Лепи Лука. Пред публиката, тие заиграа на хитот „Секси ритам“ на Џеј Рамадановски, а снимката од моментот експресно се прошири на социјалните мрежи.
Двојката буквално се натпреваруваше во мешање со колкови, а Дара, и покрај високите потпетици, демонстрираше дека знае како се игра за десетка. Со својот заводлив настап, таа ги повтори култните движења на покојниот Џеј, оставајќи го клубот во транс.
Настапите на Дарa ова лето се меѓу најпосетените на црногорското приморје, а нејзината енергија не се пропушта. Будванската дискотека беше преполна, а дел од публиката остана надвор – без шанса да влезе на шоуто.
Поврзани објави
Лепи Лука, кој е познат по провокативните настапи и телевизиски појавувања, не ја пропушти можноста да се најде покрај Дара Бубамара и заедно со неа да направи момент кој Интернетот со сигурност нема брзо да го заборави.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ
printskrin Youtube – RTV Pink Official dara bubamara