Познатиот брачен пар вложи околу 70.000 евра во апартман во мирен дел на Грција, со идеја за издавање на туристи.
Пејачката Јелена Томашевиќ и актерот Иван Босилјчиќ направија нов значаен чекор во заедничкиот живот, купувајќи апартман во близина на Света Гора, во еден од најмирните делови на Грција. Локацијата се наоѓа на таканаречениот „трет крак“ на Халкидики, каде брачниот пар веќе неколку пати летувал и се воодушевил од природата и тишината.
Според извор, Иван бил особено воодушевен од близината на Света Гора, додека Јелена најмногу ја ценела убавината на малите села, локалната природа и семејната атмосфера. Местото е познато по тоа што нема многу туристи од регионот, што дополнително го прави привлечен за одмор. Во близина има и фарма со коњи и магариња, што е совршено за нивната ќерка.
Иако точната цена не е потврдена, најмалите апартмани во овој дел чинат околу 50.000 евра, а изворот верува дека брачниот пар вложил околу 70.000 евра за поголем простор. Планот е освен за семејни одмори, апартманот да се користи и за издавање на туристи, што ќе биде нов бизнис потег за семејството.
Минатата година Јелена и Иван престојувале во изнајмен апартман, а токму тогаш пријател кој живее таму им предложил да инвестираат во недвижност. Само една година подоцна, тие веќе уживаат во својот сопствен дом на брегот, спојувајќи го убавото со корисното – одмор и сигурна инвестиција.
printskrin Youtube – blic jelena tomasevic i ivan bosiljic