Пејачката со нетрпение го чека денот кога ќе ужива во својот „рај“ на Луштица, но доцнењето на работите го одложи планот.
Пејачката Теа Таировиќ минатата година купи луксузна куќа на Луштица во Црна Гора, вредна 430.000 евра, но и покрај тоа што требаше веќе да ужива во неа, сè уште не може да се всели. Причината е доцнењето на завршните работи на комплексот, што ги наруши нејзините планови за летото.
Не сум се вселила иако требаше. Причината е што каснат работите на завршувањето. Се надевам дека следната година ќе можам да бидам сместена таму“, изјави кратко Теа за медиумите.
Вилата е на три ката, бела боја, и се наоѓа на врвот на Луштица, со поглед кој го освојува секој посетител.
Љубовта кон Црна Гора ја натерала пејачката уште при првата посета да одлучи дека таму ќе купи свој „дел од рајот“. Локацијата ја привлекла со мирната околина, а сепак е блиску до Тиват и Котор, што ѝ обезбедува лесен пристап до аеродромот. Меѓу нејзините барања при купувањето биле пространа тераса со поглед на море и обезбедување со видео-надзор.
Покрај оваа куќа, Теа Таировиќ веќе поседува дом во Нови Сад и стан во Белград вреден 300.000 евра. Сите средства од настапи и концерти ги вложува во недвижности, создавајќи импресивно портфолио, иако за своето црногорско засолниште ќе мора да почека уште малку.
Поврзани објави
printskrin Youtube – extra fm tairovic