Поп дивата повторно ги воодушеви фановите со својот храбар и скап моден избор, носејќи корсет од престижниот француски бренд „Mugler“.
На финалната аудиција за шоуто „Пинкови ѕвезди“, Јелена Карлеуша се појави во впечатлив корсет од францускиот бренд „Mugler“, чија цена изнесува дури 1.134 евра. Со овој избор таа го привлекла вниманието на сите присутни и повторно покажала дека е една од најхрабрите и најоригинални личности во светот на модата.
Поп дивата го комплетирала својот изглед со долга и совршено стилизирана коса, што дополнително го нагласило гламурот и елеганцијата на нејзиното модно издание. Публиката и медиумите едногласно ја пофалиле нејзината појава.
Поврзани објави
Нејзината храброст во облекувањето повторно ги потсетила сите дека ретко кој може да се мери со неа кога станува збор за оригиналност и стил. Фановите на социјалните мрежи веднаш реагирале со коментари за нејзиниот впечатлив изглед.
Фотографии од Карлеуша погледнете ОВДЕ
Покрај модата, Карлеуша коментирала и актуелни случувања во светот на шоу-бизнисот. Така, таа ја спомнала и изјавата на хармоникашот Мирослав Арнаџеловиќ Кемиш, кој открил дека би сакал да ја сретне во клуб за возрасни игри, предизвикувајќи уште поголемо внимание околу нејзината појава.
printskrin Youtube – hype tv karleusa