Пејачката жестоко одговори на објавата на реперот, обвинувајќи го за поттикнување немири и отворено застанувајќи на страната на полицијата.
Пејачката Јелена Карлеуша остро реагираше на објавата на реперот Михајло Верувиќ – Војаж, кој преку социјалните мрежи јавно изрази поддршка за студентите и демонстрантите што учествуваа во блокадите и протестите во Белград. Реперот на својот Инстаграм профил сподели снимки од вчерашните немири, придружени со порака:
Стојам со сето срце со студентите во борбата против неправдата.“
Оваа порака предизвика лавина реакции во јавноста, меѓу кои и жесток одговор од Карлеуша. Пејачката, која неодамна изјави дека уметниците не треба да се мешаат во политички прашања, отворено го нападна младиот изведувач.
Поврзани објави
Замислете да ги нарекуваш овие хулигани студенти кои се борат против неправда, додека тие скандираат повици на насилство. Со целото срце сум со полицијата. Србијо, издржи!“, напиша Карлеуша на социјалната мрежа X, додавајќи остри лични квалификации кон реперот.
Конфликтот меѓу двете јавни личности предизвика бурни коментари и подели на социјалните мрежи. Поддржувачите на Војаж го поздравија неговото изразување на став, додека фановите на Карлеуша ја поддржаа нејзината осуда и повик за ред и мир.
printskrin Youtube – hype tv karleusa