Пејачката пронајде исплашен бигл и преку Инстаграм помогна да му се пронајде сопственикот, добивајќи бројни пофалби на социјалните мрежи.
Музичката ѕвезда Јелена Карлеуша пронајде изгубен бигл на улица во својот крај на Дедиње и преку Инстаграм повика помош за пронаоѓање на сопственикот.
Поздрав до сите, ова е едно куче, бигл, кое го најдов на Дедиње. Не е чипувано, немаше ни огрлица, па му купив поводник. Убаво е нахрането и чисто, но беше многу вознемирено. Ако некој го препознава својот миленик, нека ми пише во коментар“, порача Карлеуша во објавата.
Неколку часа подоцна пејачката сподели добри вести – сопственикот се јавил и таа лично го вратила миленикот на семејството.
Сјајни вести! Го најдовме сопственикот. Со специјален третман и со личен возач, се враќа дома“, напиша таа.
Поврзани објави
Корисниците на социјалните мрежи ја пофалија нејзиниот гест со коментари како „Личност со големо срце!“, „Браво, Карли“, „Секогаш си била добар човек“.
Познато е дека Карлеуша долги години помага на здруженија за заштита на животни и донира за лекување на деца, а некои од нејзините добри дела остануваат далеку од очите на јавноста.
printskrin youtube – pink – karleusa