Пејачката на снимањето на „Пинкови ѕвезди“ повторно го сврте целиот фокус кон себе со смела комбинација.
Јелена Карлеуша уште еднаш покажа зошто важи за модна икона на регионалната сцена. На снимањето на нова епизода од „Пинкови ѕвезди“ се појави во комбинација која предизвика лавина од реакции.
Карлеуша носеше црна боди-халјина со капуљача, чиј дел изработен од провидна ткаенина паѓаше преку нејзиниот струк и задник, оставајќи малку на фантазијата. Извајаната фигура уште повеќе дојде до израз благодарение на масивен кожен каиш што го нагласи нејзиниот тенок струк.
Целиот изглед беше дополнет со кожни чорапи и високи сатенски чизми, додека завршен впечаток остави црна бунда од вештачко крзно која совршено се вклопи во стилот.
Поврзани објави
ЈК уште еднаш потврди дека за неа граници во модата не постојат и дека секое нејзино појавување станува настан за себе.
printskrin youtube – karleusa – republika