Пејачката е многу активна како трудница, а иако е на прагот на деветтиот месец, не пропушти да го помине времето со пријателките…
Катарина Живковиќ не се експонира јавно дека е во блажена состојба, но повремено ги почестува своите обожаватели со фотографии или видеа на својот Инстаграм. Сега покажа дека е многу активна трудница иако е на прагот на деветтиот месец.
Пејачката реши да излезе со другарките во еден белградски локал, а судејќи по видеата кои ги објави, навистина уживала во ноќта.
Катарина во еден момент го отпеала хитот на колешката Теа Таировиќ, а приликата ја искористи да направи селфи и да ја покаже својата завидна фигура во третото тромесечје. Таа беше облечена во долг фустан кој го истакнуваше нејзиниот стомак.
Поврзани објави
Според сите проценки, Ката изгледа совршено за жена која е во поодмината бременост, а се чини дека тренинзите се исплателе.
Фото: Инстаграм
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: