Почетна Убавина и здравјеЈа изневерил сопругата со 80 жени, а една сокри и во семејната куќа – Убавина и здравје

Ја изневерил сопругата со 80 жени, а една сокри и во семејната куќа – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Актерот и поранешен модел Вилијам Леви во 2022 година на својот инстаграм-профил објави дека по 18 години брак се разведува со сопругата Елизабет Гутиерез. Сепак, неколку минути подоцна ја избриша објавата, но како што пишуваат странските медиуми, на нивната љубов дефинитивно ѝ дојде крајот…

Актерот со кубанско потекло Вилијам Леви ја доби титулата „миленик на жените“ речиси веднаш откако првпат се појави во светот на шоу-бизнисот, прво како модел, а потоа и како актер во теленовели. Ѕвездата на латинските серии неколку пати беше прогласуван за најсекси маж на светот, а сега освои уште една титула, титулата најголем прељубник.

Имено, како што пишуваа светските медиуми, Леви ја изневерил сопругата со 80 различни жени, а минатата година на виделина излезе уште една негова афера.

Латино-заводникот никогаш не криел дека ѝ е неверен на сопругата, а гласините за нивниот развод се шират уште откако се венчаа. Сепак, оваа година објави дека официјално се разделуваат. Во сè беше вклучена и полицијата…

Имено, полицијата била повикана во семејната куќа на Елизабет Гутиерез и Вилијам Леви поради семејно вознемирување, стои во полицискиот извештај за инцидентот до кој дојде Us Weekly. Во полицискиот извештај, ќерката на парот, Кејли, им рекла на полицајците дека влегла во семејната куќа и слушнала женски глас што доаѓал од спалната соба на нејзиниот татко.

Поврзани објави

Кога се обидела да влезе, Леви наводно ја турнал за да ја спречи да влезе. Леви негираше дека ја турнал Кејли, а во извештајот се вели дека „нема траги, црвенило или знаци на повреда“ на Кејли.

На снимката од полициската камера од инцидентот, која беше споделена на социјалните мрежи, Гутиерез и Кејли им кажуваат на полицајците дека Леви донел друга жена во куќата и моментално ја крие. Елизабет Гутиерез тврдеше дека Леви бил „очигледно под влијание на нешто“ и го нарече „бивши“.

Ова е моја куќа и куќа на моите деца, па таа треба да си оди“, рече Гутиерез, додавајќи дека Леви може да прави што сака на друго место, но не и во нивниот семеен дом.

Таа исто така рече дека го блокирала Леви, тврдејќи дека тој „секогаш ја навредувал“.

Us Weekly побара коментар до Леви и Гутиерез, а актерката потврди дека таа и Леви се разделени „неколку месеци.

Фото: Инстаграм