Почетна ЕкономијаЈаневска: Второто полугодие започнува на 20 јануари, распустот нема да се продолжи

Јаневска: Второто полугодие започнува на 20 јануари, распустот нема да се продолжи

од nenad
1 минути читај за

Фото: Facebook

16/01/2026 16:51
НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

Министерката за образование Јасна Јаневска потврди дека второто полугодие за основните и средните училишта ќе започне на 20 јануари 2026 година. Таа додаде дека зимскиот распуст нема да се продолжи и учениците треба да се вратат во училишните клупи на утврдената дата.

„Учебната година во сите училишта на територијата на државата почнува на 20 јануари. Вчера имавме изјава од Министерството за здравство и од Институтот за јавно здравје дека нема пречки да стартува второто полугодие од оваа учебна година“, рече Јаневска.

Јаневска истакна дека наставата ќе се одвива според утврдениот календар, со цел да се обезбеди непречено остварување на образовната програма и да се избегнат дополнителни застои во учебниот процес.