Почетна ЕкономијаДомот на иднината веќе е тука и изгледа фантастично!

Домот на иднината веќе е тука и изгледа фантастично!

од nenad
2 минути читај за

 

Кој рече дека технологијата е само за младите? Денешната паметна технологија е дизајнирана за секој што сака да си го олесни животот. И тоа не со “џиџи-миџи” опции што никој не ги користи, туку со вистински решенија за секојдневните предизвици. Затоа ви го претставуваме новиот Samsung Bespoke пакет за паметен дом, кој го сочинуваат Jet AI правосмукалката, веш машината со AI Ecobubble™, и фрижидерот Family Hub™ – тројца невидливи помошници што работат тивко, паметно и стилски.

Правосмукалка што знае што чисти

Bespoke Jet AI Ultra е безжична правосмукалка, ама не било каква. Со ултра лесен дизајн и исклучителна моќност, ја завршува работата за минута.. без нервози. И што е најубаво, со целосна дигитална контрола. Поврзи ја со апликацијата SmartThings и следи го статусот на батеријата, чисти ја филтрацијата и добиј совети како да го продолжиш животниот век на уредот,  директно од телефонот. Звучи како фантастика? Не, само нова реалност во твојот дом.

Mашина што размислува со глава – AI Wash

Перењето никогаш не било попаметно. Со оваа машина за перење со предно полнење со A -55% Extra Energy Efficiency и AI Home, сé се меша совршено.

AI Wash функцијата ги детектира тежината и мекоста на ткаенините и постојано го следи нивото на нечистотија, автоматски приспособувајќи ги параметрите за перење, како што се вода, детергент и времето на циклусот. Технологијата ја подобрува енергетската ефикасност на машината и ја намалува потрошувачката на детергент за до 15%. И да, знае да предложи програми што најмногу ги користиш – затоа што веќе те знае. Кога перењето ќе стане паметна пријателска рутина, животот ти станува полесен.

И да, има и апликација! Па, дури и кога сте дома, можете да добиете известување дека перењето е завршено, благодарение на моќта на поврзаноста со фантастичната апликација SmartThings.

Family Hub – Паметен фрижидер што крие многу тајни

Мислите дека фрижидерот служи само за чување храна? Помислете повторно. Новиот фрижидер SBS Family Hub е вашата домашна табла, вашето кулинарско студио и вашиот асистент во кујна. Со голем екран на вратата, можете да прегледувате рецепти, да пуштите музика додека готвите, или да го проверите распоредот на семејството. Камера внатре во фрижидерот? Да, и тоа го има – за кога сте во продавница и не се сеќавате дали ги имате потребните намирници или не. Само погледнете во апликацијата.

Паметен дом, среќен дом

Samsung Bespoke серијата не е само прашање на технологија. Таа е начин да си го поедноставите животот, да заштедите време и енергија, и да уживате во домот како никогаш досега. Без непотребни компликации, со стилски дизајн кој се вклопува во секој ентериер – било да е модерен или класичен.

Извонредна промотивна понуда од 1 јуни!

Во наредниот период,  од 01.06 до крајот на месец јуни е активна промотивна понуда на одбрани производи од новите линии на апарати за домаќинството од Samsung. Одберете го најдоброто за вашиот дом и добијте фантастичен подарок – часовник Galaxy Watch7. Повеќе за промоцијата прочитајте тука.