Почетна БалканЈана Атанасовска испиша нова историја во македонското скијање – Курир

Јана Атанасовска испиша нова историја во македонското скијање – Курир

од nenad
1 минути читај за
Јана Атанасовска испиша нова историја во македонското скијање

ФОТО: Jana Atanasovska/fb

Македонската скијачка надеж Јана Атанасовска го подобри сопствениот рекорд од минатата сезона и запиша нов најдобар успех во историјата на македонското женско скијање.

На првата ФИС Слалом трка на 18-ти декември во Хохфуген, Австрија Атанасовска освои 51.70 ФИС точки и постави најдобар личен успех во досегашната скијачка кариера. Во второто возење заостана 0.33 стотинки зад првопласираната Ноа Шолос која и учесничка на Европскиот и Светскиот куп.

На трката пак која се одржа на 20-ти декември Атанасовска освои 47.90 ФИС точки и така го запиша своето име со златни букви во историјата на македонското скијање. Второто возење го заврши со задоцнување од само 1.02 секунди зад Лила Лапања од Америка

Извор : Kurir.mk

Јана Атанасовска испиша нова историја во македонското скијање