Актерката Марго Стили отворено зборувала за снимањето интимни сцени поради кои јавноста строго ја осудила
Американската актерка Марго Стили се проби на филмскиот пазар со улогата во контроверзниот филм 9 Songs од 2004 година, за кој убавата бринета снимила автентични секс-сцени. Филмот ја следи страсната врска помеѓу британски научник (Киран О’Брајан) и американска студентка (Марго Стили).
Ова остварување содржи неколку исклучително експлицитни секс-сцени, кои ги извеле самите актери, вклучувајќи и таква во која главниот машки лик ејакулира. Одлуката сцените со интимни односи да бидат вистински, а не симулирани, му ја донесе на филмот титулата „најексплицитниот мејнстрим филм на сите времиња“.
И покрај оваа екстремна одлука, филмот не бил добро прифатен ни кај критичарите ни кај публиката. На познатиот веб-сајт за оценување филмови Rotten Tomatoes успеал да добие само 24 отсто, а ласцивните сцени во него биле опишани како заморни за гледање.
Сепак, славната 41-годишна актерка своевремено цврсто стоела зад својата одлука да има секс на големиот екран, и покрај бурните и острите реакции на јавноста, како и негативните коментари што ги добила.
Во интервју за Irish Examiner, Марго истакнала дека луѓето биле навистина гневни поради тоа што го направила во филмот, истакнувајќи дека луѓето на прес-конференциите ѝ дофрлале навреди од типот „ку**о“ и др**о“ и ја прашувале како можела да го направи тоа.
Поврзани објави
„Јас не го измислив сексот! Постои огромна секс-индустрија која вреди милијарди. Луѓето ме прашуваат дали сум се чувствувала злоупотребено од страна на режисерот, со оглед на тоа што не сум глумела претходно, но забораваат дека јас сум таа што го разви ликот“, рекла Стили.
Таа додала дека била искрено шокирана од критиките за филмот, особено за нејзината улога, со оглед на тоа што таа воопшто не личела на ликот Лизи што го толкувала.
Таа понатаму истакнала дека филмот воопшто не бил во порно-стил, туку дека се работело за „љубовта и сексот“.
„Синоќа имав секс со мојот партнер и тоа не беше пронографија. Тоа беше само жежок секс. 9 Songs е вистински филм за љубовта и сексот, а јас сакав да го снимам тој филм и горда сум на него“, прокоментирала таа.
Таа заклучила дека тоа не влијаело негативно врз нејзината кариера и додала:
„Не ме доживуваат само како жена која има многу секс.“
ФОТО: Принтскрин Јутјуб