По шест години повторно одржа цел концерт
Елена Ристеска сподели емотивно видео за Селин Дион и нејзината долгогодишна борба повторно да пее пред публика.
Во видеото се гледа Дион во 2021 година, кога во солзи се обидува да пее, но гласот ѝ откажува. Приказната продолжува со нејзината решеност од 2024 година повторно да застане на сцена, а завршува со нејзиното големо враќање во Париз.
Ристеска, која Дион ја опишува како свој идол од детството, ја поддржа канадската пејачка со емотивна порака.
Никој не знае низ што проаѓаме ние пејачите, болеста која ја има не ја спречи да пее! Поддршка за мојот идол од детството! Глас над сите гласови!“, напиша Елена.
По шест години повторно одржа цел концерт
Поврзани објави
Селин Дион неодамна го одржа својот прв целосен концерт по повеќе од шест години. Настапот се одржа во распродадена арена во Нантер, во близина на Париз, каде што пејачката изведе 25 песни во концерт долг повеќе од два часа.
Дион не ги сокри емоциите уште на почетокот на настапот, а на публиката ѝ откри дека си ветила оти повторно ќе се врати на сцената.
Нејзината здравствена состојба сериозно се влоши во 2021 година, а во 2022 година јавно откри дека ѝ е дијагностициран синдром на вкочанета личност, ретко невролошко заболување кое предизвикува вкочанетост и мускулни грчеви.
По долг период на терапија и рехабилитација, Дион во јули 2024 година настапи на отворањето на Олимписките игри во Париз. Сега повторно има серија концерти во француската престолнина.
Screenshot Instagram