Бора Ѓорѓевиќ, попознат како Бора Чорба, почина минатата среда во Љубљана, по компликации предизвикани од пневмонија. Познатиот рокер беше погребан во саботата во родниот Чачак, а голем број колеги дојдоа да го испратат на вечнoто почивалиште и да му оддадат почит.
Сега се огласи Ѓорѓе Давид, кој апелираше до членовите на бендот Рибља чорба и до јавноста да продолжат да работат со нов млад пејач.
Поврзани објави
Мислам дека Србија заслужува да ја задржи Рибља чорба и дека би било идеално да се најде нов млад човек кој би продолжил како пејач на таа позиција на фронтмен на бендот. Мислам и дека се работи за идентитетот на нашиот рокенрол. Рибља чорба не смее да се заборави, а би било фер за идните генерации и за сите нас кои Бора ги ’отру’ со рокенрол“ да продолжиме со неговата работа – изјави музичарот и поранешен пејач на Генерација 5.
Зборувајќи за зачувувањето на споменот на Бора, тој повика и на организирање на голем рок концерт со останатите членови на Рибља чорба, на кој ќе се собере „се што е добро и се што има квалитет на рокенрол сцената“ .
Тој за српските медиуми изјави и дека наскоро ќе снима спот со преработка на една од песните на Бора бидејќи, како што вели, „Мислам дека заслужува таков подарок од мене“.