Почетна ЕкономијаШто ќе се промени со струјата од 1 јануари 2027 година и како ќе влијае врз граѓаните?

Што ќе се промени со струјата од 1 јануари 2027 година и како ќе влијае врз граѓаните?

од nenad
1 минути читај за

Од почетокот на 2027 година се воведува нов модел за снабдување со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи, со кој се намалува учеството на државата во обезбедувањето струја по повластени цени.

Според обврските од европската Реформска агенда, ЕСМ ќе може да покрива најмногу 70 отсто од потребите на универзалниот снабдувач ЕВН Хоме по регулирани услови. Останатите најмалку 30 проценти ќе мора да се набавуваат на слободниот пазар.

Ова претставува промена во однос на досегашната практика, според која државните електрани обезбедуваа речиси целосно количество електрична енергија за домаќинствата по цена пониска од пазарната.

Новото решение може да ги зголеми трошоците за снабдување, бидејќи електричната енергија на берзите вообичаено се продава по повисоки цени од оние по кои ЕСМ ја испорачува струјата за универзалниот снабдувач. Тоа може да се одрази и врз конечната цена што ја плаќаат граѓаните.

Промената произлегува од усогласувањето со европската Директива 2019/944, а законската основа е поставена со новиот Закон за енергетика, донесен во мај 2025 година.

Иако реформската обврска не значи автоматско поскапување на струјата, поголемото потпирање на слободниот пазар ќе ги направи домашните цени почувствителни на движењата на берзите и трошоците за набавка на електрична енергија.