Многумина се прашуваат како се храни жената која во шестата деценија изгледа како да има 20 години
Дона Дерико ја гази шестата деценија, а изгледа како да има 20 години. Многумина се прашуваат на што се должи нејзиниот младешки изглед, но во една пригода открила како се негува. Изјавила и дека критикувањето на жените врз основа на годините е многу неправедно.
„Мислам дека критикувањето на жените врз основа на нивните години е неправедно. Мажите не се соочуваат со истите коментари, а мислам дека и ним не би им се допаднало тоа. За жал, знам дека тоа нема да престане, бидејќи тоа е дел од нашата култура“, рекла Дона во една пригода.
На прашањето дали користи некој посебен трик за да го задржи младешкиот изглед, Дона истакнала дека клучна улога игра нејзината исхрана.
Таа преминала на вегански начин на живот и признала дека забележала јасни промени – почиста кожа, подобра дигестија и поквалитетен сон. Исто така, престанала да се изложува на сонце. Порано обожавала да се сонча, но сега си дозволува да биде по малку бледа, а наместо сончање, користи лосион за самопотемнување или тониран хидратантен крем.
„Имам почувствувано бројни придобивки, како почиста кожа, подобра дигестија, подобар сон, но тоа не е причината поради која го правам тоа. Го правам тоа поради животните. Сакам да имам резерви на зеленчук, овошје, јаткасти плодови и авокадо“, открила таа во едно интервју.
Поврзани објави
Што се однесува до негата на кожата, се труди да не експериментира многу, па нејзината рутина е многу едноставна.
„Мислам дека не би требало да бидеме под притисок да го испробаме секој производ за којшто се тврди дека е новиот најдобар. Користете го она што навистина ѝ годи на вашата кожа и трудете се чекорите во негата да ви бидат што поедноставни“, истакнала актерката.
Инаку, Дона отсекогаш имала совршена става, благодарение на која се прославила кога играла во познатата серија „Чувари на плажата“ од 1996 до 1998 година. Актерката, како и нејзините колешки, во серијата трчкала на плажа во црвен едноделен костим за капење кој ги истакнувал нејзините атрактивни облини.
ФОТО: Инстаграм