Ким Кардашијан официјално им ги продава своите мидери на спортисти, откако го спои својот бренд со брендот НАЈК
Ако нешто знаат Кардашијанките, тогаш тоа е како функционира добриот маркетинг. За да ја промовираат новата линија на спортска облека на „Скимс“ и „Најк“, Клои и Ким Кардашијан ја повеле со себе мајка им Крис, облекле спортска облека и им дозволиле на папараците да ги фотографираат.
Ким направила фантастична работа кога се здружила со „Најк“, па нејзините модели ги облекле и Селена Вилијамс, Џордан Чајлс, Медисон Скинер, Романе Дкико, Беатриз Хац и Нели Корд, како и самите сестри Кардашијан.
Крис, Ким и Клои ги претставиле новите модели на скалите на јавната библиотека во Њујорк, со назив „Тела на работа“.
Изгледајќи како три тајни агентки, екипата привлекла големо внимание.
Поврзани објави
Неверојатно е тоа како Кардашијанките знаат да заработат од своите најголеми грешки. Така започна реалното шоу „Во чекор со Кардашијанките“. Имено, на Интернет се појави видео од спалната соба на Ким Кардашијан и нејзиниот партнер. Тој момент на популарност го искористила нејзината мајка Крис Џенер, која склопила договор и започнала семејно реално шоу, благодарение на кое сите нејзини деца станаа милионери и познати личности.
Пред неколку години, по породувањето, Ким Кардашијан била фотографирана на плажа во бикини. Сите имаа можност да го видат нејзиното изобличено тело и задникот полн со целулит. Нејзиниот срам прекуноќ го претвори во врвен бренд за мидери за тело што можат да ја скријат секоја несовршеност. Неколку години подоцна, мидерот по име „Скимс“, сега соработува со „Најк“ – бренд што го рекламираат врвни спортисти.
ФОТО: Инстаграм