Почетна Убавина и здравјеШто појадува, руча и вечера Доналд Трамп? Нема личен готвач, а изборот на храна ги шокира и Американците и нутриционистите!

Што појадува, руча и вечера Доналд Трамп? Нема личен готвач, а изборот на храна ги шокира и Американците и нутриционистите!

од nenad
2 минути читај за

Ќе се изненадите кога ќе дознаете што сè јаде Доналд Трамп во еден ден

Познато е дека Доналд Трамп се фали со своето одлично здравје. Во една пригода рекол дека претседателските кандидати имаат обврска да бидат здрави и во разни емисии има зборувано за резултатите од своите тестови. Откако оваа тема повторно се покрена, особено поради портокаловата боја на кожа која кај Трамп е очигледна, многумина се заинтересираа за исхраната на претседателот на Соединетите Американски Држави. А неговиот начин на исхрана сигурно ќе ве изненади.

Пред сè, Доналд Трамп не е пребирлив кога станува збор за храната. За разлика од многу претседатели кои имаат лични готвачи и посебни менија секој ден, Трамп ужива во брзата храна, исто како и секој Американец. Еве што јаде тој во еден ден…

Го прескокнува појадокот

Доналд Трамп во разговор со Џеси Волтерс од Fox News 2026 рекол дека го прескокнува појадокот кога може. Ручекот во повеќето случаи е неговиот прв оброк, а неговиот омилен оброк во денот е вечерата. Сепак, понекогаш решава да појадува, а тогаш најчесто одбира јајца и сланина, житарки или МекМафин од МекДоналдс. Трамп никогаш не пие ни чај ни кафе.

Месото му е омилено јадење

Навиките на исхрана на Доналд Трамп се откриени во книгата Let Trump Be Trump која ја напишал поранешниот предводник на неговата кампања, Кореј Левандовски. Тој тврди дека претседателот можел да издржи 14 до 16 часа без јадење. Голем обожавател е на ролат од месо, а тоа е познато уште од 2005 година, кога заедно со Меланија се појавиле на гости кај Марта Стјуарт. Таму го приготвувале овој оброк, за кој Трамп рекол дека му е омилен.

Поврзани објави

Ништо без брза храна

Доналд Трамп речиси секој ден јаде брза храна од МекДоналдс, Бургер Кинг и Кеј-Еф-Си. За вечера најчесто одбира МекДоналдс, а тогаш нарачува два Биг Мек, два бургери со риба Филе-О-Фиш и мал чоколаден милкшејк. Пицата исто така е составен дел од неговата исхрана, но никогаш не ја јаде корката. Обожава хамбургери, за кои бара да бидат добро печени, а од прилози зема кечап.

Не пие кафе и чај, но затоа сака да се напие диетална кока-кола наутро. Наводно, за време на неговиот прв мандат во Белата куќа имал инсталирано копче за диетална кока-кола, која му ја носеле и до 12 пати дневно. Со неа обожава да јаде грицки, а најмногу чипс. Инаку, наводно, Трамп секогаш отвора ново пакетче грицки, дури и ако во претходната кеса му останале уште. Тоа го прави затоа што има голем страв од бактерии.

А во продолжение погледнете го виралното видео од двајца јутјубери кои пробале да се хранат како Доналд Трамп на еден ден…

ФОТО: Инстаграм, Јутјуб