Луксузниот брод, студената вода и љубовната приказна – ништо не било како што изгледа на филм!
Филмот Титаник од 1997 година е едно од најспектакуларните остварувања во историјата на кинематографијата, но она што публиката не го виде на големото платно е уште позанимливо! Од екстремните услови за снимање, до бизарните незгоди на сетот, реалноста зад сцените била далеку од гламурозна.
Иако гледачите веруваат дека сцените во ледена вода се автентични, вистината е поинаква – водата во која влегуваа актерите била само 15°C, но нивните реакции беа зајакнати со специјални ефекти.
Поврзани објави
Покрај тоа, Леонардо толку многу го мразел студот што Камерон морал да го охрабрува да остане во водата! Како дополнителен хаос, еден ден целата екипа на филмот завршила во болница, откако некој подметнал халуциногени супстанции во супата за ручек!
Реалноста на снимањето била далеку од романтичната слика на Џек и Роуз – за да се добијат драматичните сцени, актерите поминувале часови во непријатни пози, а компјутерските ефекти го замениле вистинскиот брод. Така, додека гледаме епска љубовна приказна, зад камерите владеел вистински хаос – но токму тоа му даде на Титаник статус на филмска легенда!
Фото: printskrin Youtube/ FilmIsNow Epic Movie Zone