Во станот во Белград сега живее нејзиниот син, а таа на Космај ужива со блиски пријатели, меѓу кои и Ана Николиќ и Рале
Српската пејачка Индира Радиќ веќе не живее во Белград – таа одлучила да го напушти градот и да се пресели на планината Космај, каде што купила куќа и организирала живот по своја мерка. Градската врева ја заменила со тишина, зеленило и приватност, кои ѝ биле повеќе од потребни.
Како што пренесуваат медиумите, нејзиниот поранешен стан во белградска населба сега го користи нејзиниот син Северин со сопругата Елина и нивниот син Михаел. Индира, иако живее надвор од градот, редовно патува за настапи, особено во дијаспората, и со ентузијазам води грижа за својата мала градина и големото двориште.
Извор близок до пејачката открива и еден интересен детаљ:
Поврзани објави
Во последно време, чести гости ѝ се Ана Николиќ и нејзиниот поранешен партнер, композиторот Горан Ратковиќ Рале. Иако Ана е позната по својата љубомора, таа одлично се согласува со Индира. Заедно пијат кафе, разговараат и се дружат. Наводно, Рале повторно ѝ пишува песни на Индира, па разговорите честопати завршуваат и со идеи за нови хитови.“
За потсетување, Рале и покојната Марина Туцаковиќ стојат зад најголемите хитови во кариерата на Индира Радиќ. Се чини дека и во новата животна фаза, пејачката не се откажува од музиката.
printskrin Youtube-Pravo LICE Estrade