Почетна Убавина и здравјеШок и неверување во домот на пејачката Билјана Јевтиќ! Се прости од најдрагата личност, спомените горко болат

Шок и неверување во домот на пејачката Билјана Јевтиќ! Се прости од најдрагата личност, спомените горко болат

од nenad
1 минути читај за

Билјана Јевтиќ го доживеа најголемиот удар во животот кога неодамна ја загуби мајка си.

Мајката на Билјана Јевтиќ беше нејзината најголема потпора и столб во животот, а пејачката се уште не најде сила јавно да проговори за својата болна загуба.

Според добро упатен извор, Билјана Јевтиќ до последен момент била покрај креветот на мајка си. И покрај возраста и болеста, пејачката се надеваше дека нејзината мајка ќе излезе како победник од оваа битка, што за жал не се случи. Утеха по големата загуба нашла во сопругот Аца Илиќ и синот Иван, кои и помогнале да ги преброди овие тешки моменти. Во меѓувреме, таа нема да се појавува во јавноста, ниту да дава никакви изјави.

Билјана Јевтиќ ретко зборуваше за својот приватен живот во јавноста, но еднаш откри какво било нејзиното детство.


Поврзани објави

Кога се родив бевме десетмина. Таму бевме татко ми, мајка ми, баба ми, прабаба, вујко ми и уште некои постари луѓе, а јас и сестра ми како најмали. Сите живеевме во мала куќа, имаше две соби и мал ходник. Тогаш немаше бетон, само земјен под. Во едната соба спиевме четворица, јас и сестра ми, татко ми и мајка ми, а шестмина во другата соба. Така живеевме, но бевме среќни“, откри еднаш Билјана Јевтиќ.

За потсетување, Билјана Јевтиќ пораснала во село кај Алексинац. Иако денес важи за успешна семејна жена која има се што ќе посака, во детството морала да се занимава со тешки домашни работи.

Фото: printskrin Youtube/ Svetski Radio