„Скромноста е најголемата доблест на вистинските ѕвезди“
Иако поседува неколку недвижности, меѓу кои и вила, легендарниот пејач Дино Мерлин избрал да живее во старата семејна куќа во сараевската населба Бистрик. Тој и неговата сопруга Амела Дервишхалидовиќ, со која има ќерка Наида и син Хамза, водат скромен и повлечен живот далеку од гламурот што го носи славата.
Мерлин живее во еднонасочна уличка, зад висока капија која го сокрива дворот и куќата. Пред куќата, на уличниот паркинг, се наоѓа неговиот мал „мерцедес“, симбол на неговата едноставност.
Комшиите на Дино Мерлин зборуваат за него само со пофални зборови.
Прекрасен човек и сосед. Толку е приземен и љубезен, а сепак е толкава ѕвезда. Јас пораснав со неговите песни, а мојот татко секогаш го истакнуваше како пример за добар човек. Нема да чуете лош збор за него тука. Секогаш разговара со нас, се фотографира, толку е нормален што понекогаш и тоа ни изгледа чудно“ – изјавила една од соседките.
Друга соседка додава дека Дино е силно поврзан со семејството:
Тој многу ја сака својата сопруга и децата. Најмногу време поминува во семејната куќа. Силно е врзан за своето Сараево. Тој е душа од човек, сите го обожаваме“.
Поврзани објави
Скромноста како негов заштитен знак
На Башчаршија, каде што Дино има своја продавница, продавачите го истакнуваат неговиот едноставен начин на живот.
Мерлин е скромен човек, а би можел да има сè што ќе посака. Јас со години живеам близу него, го гледам секој ден. Знаете што? Тој обожава да вози велосипед и често доаѓа со него тука. Со сите разговара, не прашува како сме, како ни оди работата, сите нè знае по име. Туристите се шокирани кога ќе го видат како шета нормално, пие кафе со нас. Нема обезбедување, нема скриени намери. Тоа е Дино Мерлин“ – изјави еден продавач на сувенири.
Како изгледа домот на Мерлин може да погледнете ОВДЕ
Дино Мерлин уште еднаш покажува дека скромноста и љубовта кон родниот крај се неговиот најголем украс, оставајќи впечаток на човек кој, и покрај огромната слава, останал свој и блиску до луѓето.
Фото: printskrin Youtube/ Hrvatska radiotelevizija
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: