Пејачката проговори за актуелната сезона на шоуто, но и за секојдневните расправии со сопругот и соработник Армин.
Победничката на „Ѕвездите на Гранд“, Шејла Зониќ, откри дека ја следи актуелната сезона на популарното музичко шоу, но призна дека засега нема издвоен фаворит меѓу кандидатите. Таа вели дека најмногу цени труд, упорност и желба за успех.
Следам тоа што ќе ми излезе на Инстаграм, но немам некој посебно да издвојам. Сакам кога луѓето се трудат и се борат за своето место под ова ѕвездено небо“ – изјави Шејла.
Поврзани објави
Освен за музиката и шоуто, пејачката отворено зборуваше и за односот со сопругот Армин, со кого покрај брачни партнери се и деловни соработници. Таа призна дека расправиите меѓу нив се сосема нормален дел од секојдневието.
Еве, и сега се скаравме во автомобил. Тоа е нормално. Човек се кара и со домашните, а не пак со соработник. Ние сме и едното и другото“– рече низ смеа Шејла, покажувајќи дека и покрај несогласувањата, меѓу нив владее искрен и близок однос.
printskrin youtube – sejla zonic – grand online