Учесничката во „Никогаш не е доцна“ преживеала седум сообраќајки, ретка болест, инвалидитет и рак – но никогаш не престанала да се бори.
Пејачката Јасминка Илиќ, учесничка во музичкото шоу „Никогаш не е доцна“, откри потресна животна приказна што малкумина би ја издржале. Таа е една од само шест лица во светот со ретка дијагноза, а поради тешка алергија останала инвалид. Сепак, и покрај сите удари на судбината, никогаш не престанала да се бори.
Јасминка зад себе има седум сообраќајни несреќи, дијагноза што ја шокирала, па дури и борба со рак.
Имав тешка алергија, поради која денес сум инвалид, но на тоа повеќе не гледам со жалење. Јас сум борец“, изјавила таа.
Три години поминала на штаки, но одбила да се предаде:
Поврзани објави
Не реков ‘Сега ќе легнам, јас сум инвалид’. Самата себе си кажав: ‘Ќе станеш, нема да бидеш инвалид, мораш напред’.“
Ниту тешката борба со подлата болест не ја скршила, бидејќи со храброст и вера во себе ја победила и таа битка.
Јас го преболев ракот. Реков дека сум победник и не дозволив да ме жалат. Секогаш од лошото извлекував нешто добро. Денес музиката е мојата терапија, иако сум аматер, животот е пред мене“, вели Јасминка.
Нејзината приказна е инспирација и доказ дека силата на духот може да победи сè.
Youtube printscreen/Nikad nije kasno