Во одмаздничката песна Music Sessions Vol 53, Шакира ги „асфалтираше“ Жерар Пике и неговата нова девојка (всушност долговечна љубовница) Клара Чиа Марти со впечатливи фрази кои го обиколија светот. Како познатата фраза „Си замени Ферари за Твинго“. Самиот Пике, минатиот јануари, се пошегув за таа многу зборувана реплика кога се појави на фудбалски настан со бело Твинго.
Сега пристигна подвигот на Дамијано, италијански обожавател на поп-ѕвездата: момчето влезе во неговиот автомобил и отпатува за Барселона за да добие автограм од Шакира и тоа токму на
задната врата од неговото Твинго. Всушност, оваа задна врата не му припаѓа на автомобилот со кој Дамијано отпатувал од Италија за Шпанија во потрага по Шакира: вратата за автограм била специјално откачена и натоварена во багажникот!
Дамијано снимил сè: подготовките за патувањето, пристигнувањето пред куќата на Шакира, кратката средба со пејачката која, сепак, не сакала да потпише ништо. Но Дамијано не се откжал. Набргу потоа, братот на поп-ѕвездата, Тонино, прифатил да ја земе вратата од Дамијано, да ја однесе дома кај Шакира и најпосле излегол со автограмот од Шакира по кој Италијанецот толку долго копнееше.
Поврзани објави
Видеото од подвигот, поставено е на TikTok, и веднаш стана вирално.
@damianocavadi Shakira mi firma la Twingo 😱 #shakira #shakirachallenge #bzrp #shakiraypique @Shakira @bzrp ♬ suono originale – Damiano Cavadi
Не е првпат Дамијано да постигне „невозможна мисија“. Пред извесно време, всушност, тој успеа да ја добие на подарок капата што ја носеше папата Франциско. Зафат кој му донесе и гостување во една популарна италијанска емисија.
Инспирирано од: www.ubavinaizdravje.mk