83
Од здружението потенцираат дека протестите се секогаш настани од јавен интерес и посочуваат дека јавноста има право да знае што се случува за време на протестите, односно дали има повредени, уништување на јавен и приватен имот, но и дали евенутално полицијата ги пречекорила овластувањата и употребила прекумерна сила.Дополнително, тие посочија дека инцидентот ќе биде пријавен во Секторот за внатрешна контрола на МВР и очекуваат полиција да го расветли случајот, да ги открие одговорните и соодветно да ги казни, за, како што велат, во иднина да не се повтори ваквото неприфатливо однесување на полицијата.