Ќерката на Харис Џиновиќ повторно го привлече вниманието со мистериозна фотографија од странство
Џина Џиновиќ, ќерка на познатиот пејач Харис Џиновиќ, објави фотографија од хотелска соба на која позира со непознат маж. Фотографијата за кратко време предизвика бројни реакции и коментари на социјалните мрежи.
Џина, која е позната по своите провокативни објави, на фотографијата е во друштво на мистериозен маж чие лице е покриено со маска. Двајцата заедно ја извршуваат својата вечерна бјути-рутина, што дополнително ја разбуди љубопитноста на јавноста.
Иако не е познато за кого станува збор, јасно е дека мажот води грижа за својот изглед и физичка форма. Тој позира без маица, огрнат со џемперот на Џина, додека таа самоуверено позира облечена во бањарка.
Џина неодамна сподели и фотографија од автомобил со исто така мистериозен маж, но не е познато дали станува збор за истата личност. Познато е дека таа моментално престојува надвор од Србија, каде што замина по објавувањето на нејзин интимен снимок во јавноста.
Instagram printscreen/djinadzinovic