Подготовките за овој посебен ден се во тек.
Фолк-пејачката Каја Остојиќ утре ќе го прослави роденденот, а освен тоа, токму овој ден го избра за да му каже „да“ на својот избраник Милош Чујовиќ. За пејачката ова е четврти брак.
Таа на своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм им покажа дека подготовките се во најдобар ред, а со јавноста ја сподели и последната фризура пред свадбата.
Поврзани објави
Каја потоа објави видео од автомобилот, кој го управува нејзиниот иден сопруг. Најверојатно заедно се упатиле кон местото каде што се одржа брачната прослава.
Каја и нејзиниот свршеник Милош долго размислуваа за датумот на венчавката и имаа неколку опции, а потоа одлучија дека петок 13 ќе биде нивниот среќен, а не лош ден, како што мислат луѓето. Освен што се единствениот пар во историјата кој се венчал тој ден, тие ќе се разликуваат и од другите младенци со својата гардероба. Имено, познато е дека невестите се венчаваат во бела венчаница, а Каја се одлучи за црна тоалета – изјавил за „Информер“ извор близок на атрактивната пејачка и додал дека нејзиниот избраник ќе носи црно.
Сакаме да докажеме дека е можно тој ден да биде најсреќен, не само за нас туку и за сите наши драги луѓе кои ќе ја слават нашата љубов – изјави пред неколку дена Каја Остојиќ.
Фото: Instagram (@kaya_ostojic)