Пејачката упати апел и преку својот инстаграм-профил.
Пејачката Гога Секулиќ пред неколку дена доживеа сообраќајна несреќа, кога на пешачки премин ја удри автомобил, по што итно беше пренесена во Ургентниот центар.
Таа првпат се огласи на социјалните мрежи со слика на која е со лонгета околу вратот и преврзана рака.
Како што објасни, нема крварење или скршеници, но сепак се чувствува многу лошо поради несреќата што ја доживеала и благодарна му е на Бога што е жива.
Драги мои, во понеделникот имав сообраќајна несреќа на пешачки премин, каде што чекав да ја преминам улицата. Му благодарам на Бога што сум жива и што бев сама бидејќи детето ми беше во градинка. Во Ургентниот центар направив целосен преглед на телото. Во моментов се чувствувам чудно, но свесна сум, немам крварење и немам скршеници, иако сум помодрена и имам многу болки.
Гога апелира и до надлежните органи и дрските возачи, а особено до тој што ја удри во пешачкиот премин
Поврзани објави
Сакам да апелирам до надлежните органи да реагираат на однесувањето на доставувачите на храна. Тие се однесуваат дрско, возат по тротоари и не ги почитуваат сообраќајните знаци. Важно е да ги заштитиме нашите деца и најблиските и да спречиме потенцијално полоши исходи. Во мислите ми остана врежан студениот поглед на возачот кој ме удри. За жал, следниот ден тој возач продолжи со работа без никакви последици, што навистина не можам да го разберам. За среќа, се’ уште има добри луѓе – навреме повикале полиција и брза помош.
Благодарност до лекарите и медицинските сестри за нивната професионалност и брзина. По оздравувањето ќе ги продолжам закажаните настапи и промоцијата на мојот нов албум. П.С. Благодарност до моето семејство, пријателите, соработниците, колегите и моите фанови за поддршката и убавите зборови.
Фото: Инстаграм