Во текот на изминатиот ден имаше вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои активни се седум, под контрола се три и изгаснати се девет, информираат од Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во Општина Прилеп, кај с. Пештани – с. Кокре – с. Кален – с. Дуње – с. Бонче – с. Крушевица – с. Волково – с. Штавица – с. Прилепец – с. Чумово – с. Селце – с. Лениште – с.
Беловодица – с. Смолани – с. Дрен, каде гори нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума.
Во Општина Чашка активен е пожарот на планината Мукос, кај село Ораов Дол, каде гори ниска вегетација, мешана борова и липова шума. Пожарот кај с. Оморани е локализиран, а кај с.
Степанци е ставен под контрола. Во Општина Петровец гори нискостебелста шума кај селата Градманци – Брезница – Катланово.
Нискостеблеста шума, смреки и сува трева, гори во Општина Штоп, кај селата Хаџи Хамзали – Едеклерци – Топлик, полигон Криволак. Во Општина Долнени активен е пожарот кај с.Десово, каде гори сува трева и ретка деградирана шума. Во Општина Прилеп активен е пожарот кај м. в. Дервен, каде гори шума, и кај селата Дрен – Смолани, каде гори букова шума.
Под контрола се три пожари, во Општина Чучер-Сандево: с. Танушевци, м. в. Рамно (мешана шума), Општина Крушево: Градска депонија (ѓубре) и Општина Делчево: Градска депонија (ѓубре).
Од ЦУК информираат дека во изминатите 24 часа, изгаснати се девет пожари, и тоа во Општина Гостивар: нас. Млаки, близу муслиманските гробишта (сува трева); Општина Струмица: м. в.Суфилар (сува трева и гаража); Општина Василево: с. Чанаклија – с. Нова маала (сува трева); Општина Куманово: нас. Карпош (грмушки и сува трева); Општина Ѓорче Петров: с.Никиштани (ѓубре); Општина Студеничани 1: с. Вртекица (мешана шума и сува трева); Општина Студеничани 2: с. Долно Количани (мешана шума и сува трева); Општина Кичево: с.Црвивци (ѓубре) и Општина Македонски Брод: с. Русјаци (сува трева). аа/Фото: МИА архива .
Извор: МИА