Сфатил дека популарната пејачка била во право.Јелена Карлеуша продолжи да ги закопува секирите со колегите кои своевремено ја нервираа поради нивното однесување и ставови и во свој стил жестоко ги задеваше на својот инстаграм-профил.Откако се смири со Северина Вучковиќ, сега на ред е младиот рапер Михајло Веруовиќ Војаж, кого летово го критикуваше дека мисли дека е голема ѕвезда, а во своето отворено писмо го нарече „мало момче, кое ни тон во газот не може да погоди“.Фото: ИнстаграмДека овие нејзини тешки, но поучни зборови дале плод, може да се заклучи и од тоа што за време на нивната средба на модна ревија во Белград, Војаж ѝ пришол на Карлеуша, и се извинил и побарал прошка. Поврзани објавиСпоред извор од овој настан, тие се сретнале зад сцената по модниот спектакл на кој настапи пејачката, која се појави на модната писта излегувајќи од огромен чевел.По ревијата, Војаж ѝ пријде на Карлеуша зад сцената. Иако на почетокот ЈК беше шокирана што по се’ се осмели да ѝ пријде, тој со смирувачки тон ѝ објасни дека е во право за се’ што му напишала и дека нејзините зборови му помогнале да размисли за се’, да се спушти на земја и да се врати во нормала. Тој истакна дека долго време е нејзин обожавател и дека за него таа е мајка на српскиот шоубиз – вели изворот.Дека смирувањето се случило сведочат и постапките на Јелена и Михајло, па Војаж по нивниот разговор веднаш го објави настапот на Карлеуша на модната писта на Инстаграм, а пејачката набргу потоа му одговори на својот Инстаграм.Да потсетиме, Карлеуша летово не избираше зборови за колегите кои настапија на музички фестивал во Белград, а особено ѝ пречеше однесувањето на Војаж.Посебно ми пречеше тоа мало ѓубре, кое ладно рече дека едвај го поднесува притисокот на славата и дека постигнал се’ што може да се постигне, а не му го знам ни името, но го слушнав дека тон во газот не може да трефне! Дури ни мајка му нема да му го знае името до Нова година. Почит кон публиката, луда инвестиција и пожртвуваност, здрав разум и нозе на земја – тоа е она што те прави да траеш вечно. Ви благодарам за вниманието! – потоа во свој стил заврши Карлеуша.
Сфати дека згрешил, па побара прошка од Јелена Карлеуша – Убавина и здравје
84