Еве за што точно станува збор…
Фановите на поп-иконата Леди Гага изработија листа на најпосетените концерти на женските изведувачи, и на изненадување на многумина, на неа се најде и Светлана Цеца Ражнатовиќ!
Леди Гага неодамна приреди незаборавен спектакл на прочуената плажа Копакабана во Рио де Жанеиро, каде што, според проценките на организаторите, се собраа дури 2,1 милиони луѓе. Концертот беше бесплатен и дел од промоцијата на нејзиниот нов албум „Mayhem“, финансиран од локалните власти.
Фановите, познати како „Мали чудовишта“, пристигнуваа уште од раното утро за да заземат што подобри позиции.
Поврзани објави
Во духот на еуфоријата, една од фан-страниците на Гага направи список на најмасовно посетени концерти на женски изведувачи, и покрај Тина Тарнер, Мадона и самата Гага, се најде и Цеца, со својот концерт на Ушќе одржан во 2013 година.
Тогаш Цеца изјави:
Не ми беше тешко да пеам четири часа. Мојата публика го заслужи тоа. Се чувствував магично, пресреќно и исполнето. Тоа беше остварување на сонот на секој пејач.“
Фото: Х