Почетна Убавина и здравје„Груба и безобразна – ни благодарам не знае да каже!“ Комшиите жестоко ја нападнаа Весна Змијанац!

„Груба и безобразна – ни благодарам не знае да каже!“ Комшиите жестоко ја нападнаа Весна Змијанац!

од nenad
1 минути читај за



Иако веќе со години се држи подалеку од естрадни скандали, пејачката Весна Змијанац повторно е на „нишан“ – но овојпат не поради нејзината музика, туку поради нејзиното однесување.

Според жителите на луксузниот комплекс на Савски венец, каде што сега живее, Весна Змијанац има репутација на груба и недружељубива личност.

Весна постојано е намуртена. Не се поздравува со никого, се однесува како да е над сите нас. Често знае да влезе во месарница и само да го прескокне редот, како да е тоа нешто нормално. Луѓето молчат затоа што знаат која е, но зад грб сите се жалат – изјавил еден од соседите за српски „Информер“.

Соседите тврдат дека нејзиното однесување често ги надминува границите на основната пристојност.


Поврзани објави

Не се насмевнува, не зборува со никого. Кај нас живеат културни и угледни луѓе, а таа се изолира целосно. Не велам дека мора да разговара со сите, но елементарна љубезност би ѝ прилегала – додава друг станар.

Една сосетка, која често ја среќава во маркет, исто така споделила непријатно искуство:

Никогаш не ги носи кесите сама. Очекува вработените да ѝ ги спакуваат работите и да ѝ ги однесат до автомобилот. Без „благодарам“, без „довидување“. Надменоста ѝ е препознатлива, и никој не останува рамнодушен на неа – вели таа.

Фото: Инстаграм